6.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

„Само психијатрија, а клучевите да се фрлат“, реагираат граѓаните од Белград за масовните убијци

Граѓаните на Србија со денови водат полемики за тоа која е вистинската казна, на социјалните мрежи се слеваат коментари и идеи. Трагедиите што се случија прво во основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар, а потоа и во градот Младеновац, не само што ја зацрнија Србија, туку ги оставија граѓаните во страв и вознемиреност.

Револтирани, тажни, лути – граѓаните деновиве често полемизираат која е вистинската казна за сторителите на вакви грозоморни злосторства.

„Не смееме и не можеме да ги заборавиме жртвите, а како општество нема да можеме да ги залечиме големите и болни рани кои ќе останат долго време“, велат тие во анкета за Телеграф.

На прашањето која е најадекватната казна за сторителите на најтешките кривични дела многумина велат смртна казна или доживотен затвор.

– Ова толку многу ја потресе јавноста што не знам што да кажам, вели испитаник.

Повеќето беа за најстроги можни казни:

– Само психијатрија, а клучевите да се фрлаат. Нема оправдување.

– Најстрогите казни, многу едноставно, и смртната казна треба да се врати. Судењето на малолетник треба да се врати и приказната да заврши, велат тие.

Спонзорирано: