19.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Убиецот од Младеновац е уапсен

Како што објавија српски медиуми, убиецот на У.Б. од Младеновац е уапсен недалеку од Крагуевац Да потсетиме, во престрелката што синоќа се случи во Младеновац загинаа осум лица, а 13 се ранети.

У.Б. е осомничен дека околу 23 часот по расправија со другарите во училишниот двор во Дубона отишол дома, земал калашников и пукал.

Откако повредил голем број луѓе, влегол во автомобил и започнал крвава треска во околните места.

Напаѓачот е уапсен, а по него трагаат околу 600 припадници на специјалните единици.

Во акцијата за пребарување биле вклучени сите специјални единици и хеликоптерската единица на МВР на Србија.

Министерот за внатрешни работи Братислав Гашиќ пукањето во Младеновац го оцени како терористички чин.