6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: Centar.mk/Архива
СВЕТ

Херојот што ги изнесуваше повредените деца од училиштето: професор по географија ги евакуира учениците

За време на убиствениот поход на Коста, многумина реагирале за да ги спасат учениците. Една од наставничките ги однела учениците во просторијата за физичко воспитување, каде што ги скрила и ги заклучила. Според сведочењето на професорите од основното училиште „Владислав Рибникар“, еден од јунаците што практично ги извадил ранетите деца бил наставникот по географија Зоран Нишевиќ.

Како што велат колегите на Нишевиќ за „Република“, тој бргу реагирал по масакрот за да им ги спаси животите на повредените деца.

„Ги изнесуваше повредените деца и го евакуира целото училиште“, рекоа професорите за „Република“.

Коста, напаѓачот и убиец, бил пронајден и уапсен во дворот на ова белградско училиште.

Осум деца и еден чувар се убиени во средата наутро во вооружен напад на четиринаесетгодишен ученик во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград. Шест ученици и еден наставник се повредени, а напаѓачот е уапсен.

На Ургентниот центар во Белград тројца од четворицата ранети се сосема добро, будни се и докторите разговараат со нив. Станува збор за двајца ученици и наставничка, изјави директорот на универзитетскиот Клинички центар во Србија, професор доктор Милика Ашанин.

Спонзорирано: