13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Амбасадата на САД во Киев стравува од ракетни напади од Русија

Амбасадата на САД во Киев во средата ги советуваше американските државјани во Украина да не ги игнорираат можните звучни тревоги за воздушен напад и соодветно да се засолнат, предупредувајќи дека безбедносната ситуација во Украина може брзо да се влоши по нападот на украински беспилотни летала врз Кремљ, за кој руските власти го обвинија Киев.

Американскиот Стејт департмент и Амбасадата на САД во Киев во средата вечерта издадоа безбедносно предупредување за „засилена закана од руски ракетни напади“ низ Украина, вклучително и во главниот град на Украина и околината, наведувајќи ги како причина неодамнешниот пораст на нападите низ Украина и запалива реторика од Москва.

„Амбасадата на САД ги повикува граѓаните на САД да ги следат воздушните тревоги, соодветно да се засолнат, да ги следат упатствата од локалните власти и и од дополнителни безбедносни информации во претходното безбедносно предупредување. Бидете свесни дека дури и ако напаѓачите проектили или беспилотни летала бидат пресретнати, паѓањето на нивните остатоците претставува значителен ризик“, се вели во предупредувањето од амбасадата.

Во него, исто така, се додава дека секој Американец што сè уште е во Украина мора да има план за вонредни ситуации што не се потпира на помошта на американската влада и дека треба да ја напушти земјата во мигот кога ќе биде безбедно да го стори тоа.

Претходно во средата руските власти предупредија дека ќе се одмаздат за нападот врз Кремљ што Русија го опиша како однапред планиран терористички чин на украинските сили и обид за загрозување на животот на рускиот претседател Владимир Путин. Киев негираше каква било одговорност за нападот.

Прес-секретарот на Белата куќа, Карин Жан-Пјер, изјави во средата дека САД не ја охрабруваат и не ѝ овозможуваат на Украина да напаѓа надвор од своите граници.

Само за потсетување, Вашингтон претходно месецов ѝ испрати на Украина неодреден број беспилотни летала „Алтиус 600 камикази“. Со боева глава од три килограми и дострел од 445 километри, овие дронови речиси можат да прелетаат од североистокот на Украина до Москва.

Дополнително, САД ѝ обезбедија на Украина ракетни бомби за нејзините системи ХИМАРС како и премолчено одобрение за Киев да го користи ова оружје против Крим.

Спонзорирано: