11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
Uncategorized

„Гледаше во една точка со замрзнат поглед“- исповед на девојче што го преживеа масакрот во Белград

Децата што беа сведоци на масакрот во ОУ „Владислав Рибникар“ и нивните родители не може да се соземат од ужасот што го доживеаја по масакрот што се случи во нивното училиште, пренесуваат медиумите во соседството.

Мајката на една ученичка, која успеала да побегне неповредена, вели дека ќерка ѝ и рекла оти погледот на напаѓачот бил замрзнат и дека никогаш не видела нешто слично.

„Се тресеше, ми рече дека не трепнал, дека гледал во една точка, со празен замрзнат поглед“, раскажува мајката и додава дека мора да побрза бидејќи се плаши да ја остави ќерката сама по преживеаниот хорор.