Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

И Врховен суд им ги одби барањата на осудените за „27 април“ за одново да се суди – остануваат во затвор

Врховниот суд донесе пресуда за предметот „27 април“.

„Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на 26.4.2023 година, продолжена на 3.5.2023 година, одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како ’27 април’. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп. Кок2. Квп бр.14/22 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје КОК. бр.40/18 од 15.3.2019 година и на пресудата на Апелациониот суд Скопје КОКЖ. бр.39/19 од 12.2.2021 година ги одби како неосновани“, велат од Врховниот суд.

Претходно, Апелација им ги намали казните на осудените за 27 април.

Можеби ќе ве интересира

(ФОТО) Функционер од ЗНАМ вечерва се врати во редовите на СДСМ

ДЕСК

СУВО ВРЕМЕ СО УТРИНСКА МАГЛА – Во сабота наутро наместа до −3 °C, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

ОЈОГОКК вклучено во меѓународна истрага на Европравда против криминална мрежа за инвестициски измами

ДЕСК