23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Лекарите во Полска отстраниле циста на јајчници тешка сто килограми

Лекари во Полска на пациентка ѝ отстраниле циста на јајчниците тешка 100 килограми, соопшти Универзитетската клиничка болница во југоисточниот полски град Жешов.

На 24-годишна жена ѝ настанала шуплина исполнета со течност на јајчниците, соопштија од Клиниката.

„Дијаметарот на туморот беше околу еден метар“, вели д-р Ана Богачик од гинеколошкиот оддел.

Кога се пријавила во болница пред една недела, пациентката висока 158 сантиметри тежела 182 килограма. Прегледот бил исклучително тежок бидејќи пациентката не можела да се смести во КТ-скенерот, велат лекарите.

„Како медицински тим, генерално, знаевме што се случува“, рече Томаш Клуз, шеф на гинекологија. За време на операцијата лекарите извадиле речиси сто литри течност, а потоа ѝ ја отстраниле цистата.

Тие не нашле никакви патолошки промени во карлицата или стомакот. Пациентката рече дека не се осмелила да оди порано во болница бидејќи се плашела.