23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ужас во Загреб: мртви тела лежат на подот на мртовечница, немало место во ладилниците

Хрватски „Индекс“ објави грозоморно видео од мртовечница, на кое се гледаат тела на луѓе на подот.

Како што пренесува хрватскиот весник, видеото е старо нешто повеќе од 2 недели, а ги прикажува посмртните останки, кои се наредени на подот од мртовечницата во болницата „Свети дух“ во Загреб.

Станува збор за најмалку седум мртви тела, кои лежат на подот на одделот за патологија на таа болница, а најмалку четири, покриени со чаршаф, лежат на колички за болнички транспорт.

На видеото може да се видат и затворени фрижидери.

Од дирекцијата на КБ „Свети дух“ не ја демантираат снимката, но велат дека поради недоволниот број ладилници, телата на починатите мора привремено да бидат ставени во мртовечница до ослободување на ладилникот. „Индекс“ побара коментар од Министерството за здравство, од каде што посочиле дека е крајно несоодветно и нехумано да се фрлаат посмртните останки во Заводот за патологија.

Од таму, како што се наведува, ја известиле директорката на КБ „Свети дух“ дека е должна споменатите проблеми да ги реши во соработка со органите на институцијата и основачот, Град Загреб, а препораките ги има и се испратени до санитарната инспекција, која работи како дел од Државниот инспекторат на Република Хрватска.