10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Лавров: Седиштето на ОН да се пресели од Њујорк, тоа би било добро за овој град

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од Њујорк изјави дека би било добро седиштето на ОН од овој град да се пресели на друго место и дека тоа би било добро за Њујорк.

Тој присуствува на седницата на Советот за безбедност на ОН таму, каде што рече дека светот дошол во поопасна ситуација отколку за време на Студената војна.

За време на седницата, тој имаше дискусија со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш. Гутереш рече дека руската инвазија на Украина предизвикува „масовно страдање и уништување на земјата и нејзиниот народ“ и повика на итни „ефективни одговори“. Тој тврди дека рускиот напад директно ги крши принципите на меѓународното право и самата Повелба на ОН.

Шефот на ОН истакна дека мултилатералниот систем се наоѓа во најголемата криза досега од формирањето на Обединетите нации.

– Тензиите меѓу големите сили се на историски врв. Како и ризиците од конфликт, поради несреќа или погрешна проценка“, рече Гутереш и, нешто попомирливо, повика на ефективни мултилатерални решенија за да се спречат конфликти, а истовремено да се вратат нормите за да се намали ширењето и опасноста од нуклеарно оружје.

Како одговор, Лавров, задолжен за надворешните работи на Русија во изминатите 19 години, ги обвини САД и нивните западни сојузници. Тој рече дека ОН „минуваат низ длабока криза“ и дека САД го замениле меѓународното право со „одреден поредок заснован на нивните правила“. Лавров рече дека САД „ја прифатиле политиката на уништување“ на архитектурата на ОН.

Рускиот министер за надворешни работи, исто така, го обвини Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека се „претвора“ во тело кое работи на „остварување на целите на САД и нивните сојузници, вклучително и цели од воена природа“. Тој додаде дека САД тргнале на патот на „уништување на глобализацијата, која со години ја промовираат како највисоко добро на целото човештво“. Тој, понатаму, тврди дека Вашингтон е лицемерен во примената на своите стандарди во различни ситуации ширум светот.

Тој рече: „Долго време беше тешко за западните колеги да постигнат договор преку универзален формат како што се Обединетите нации поради идеолошки водената политика на поткопување на мултилатерализмот и напуштање на демократијата“. „САД и нивните сојузници ја напуштаат дипломатијата и бараат пресметка на бојното поле. Сето ова се случува во рамките на ѕидовите на ОН, создадени за да се спречат ужасите на војната – силно тврди Лавров.

Спонзорирано: