17.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Руско МНР
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Лавров – Гутереш: ОН строго да се придржуваат до принципот на непристрасност

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на средбата со генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш во Њујорк го повика раководството на светската организација строго да се придржува до принципот на непристрасност, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Министерството соопшти дека во фокусот на разговорите била ситуацијата во Украина.

Лавров уште еднаш детално ги опиша причините за актуелната криза, напредокот и целите на руската специјална воена операција во Украина, чија цел е елиминирање на заканите за националната безбедност на Русија.

Шефот на руската дипломатија го критикуваше однесувањето на западните земји кои ја користат платформата на ОН за промовирање на политизирани антируски иницијативи кои, како што рече, можат само да ја продолжат тековната криза, се вели во соопштението.

Лавров посочи дека нема напредок во спроведувањето на дел од договорот за извоз на руско жито.

Рускиот дипломат истакна дека украинското жито се извезува преку пристаништата на Црното Море врз основа на договорот од Истанбул, кој беше потпишан во јули минатата година, но дека договорот за извоз на руски земјоделски производи и минерални ѓубрива, кој исто така беше потпишан тогаш, не се реализира, соопшти вчера руското министерство.

Спонзорирано: