14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Протекоа тајни воени планови на САД за Украина, Пентагон истражува кој ги објавил

На социјалните мрежи беа објавени тајни воени документи со детали за плановите на САД и НАТО за зајакнување на украинската војска пред планираната офанзива против руските сили, потврдија за „Њујорк Тајмс“ високи претставници на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден.

Пентагон истражува кој би можел да стои зад обелоденетите документи што се појавија на Твитер и Телеграм, апликација со повеќе од 500 милиони корисници која е широко користена во Русија. Аналитичарите велат дека документите се изменети од нивниот оригинален формат. Во протечените верзии на документите, проценките на САД за украинските жртви се претерани, а руските се потценети.

Аналитичарите сметаат дека модификациите укажуваат на можен обид за ширење дезинформации насочени од Москва. Но, објавувањето на дел од оригиналните документи, кои вклучуваат фотографии од графикони на очекуваните испораки на оружје, проценки на силата на баталјонот и други планови, претставуваат значително нарушување на безбедноста од страна на американските разузнавачки служби, пишува весникот.

Претставниците на администрацијата на Бајден работат на отстранување на документите од социјалните мрежи, но доцна во четвртокот вечерта, тие не успеаја целосно. „Свесни сме за извештаите за документи на социјалните мрежи, Пентагон истражува за што се работи“, изјави портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.

Документите би можеле да им дадат многу информации на руските воени планери, генерали или разузнавачки аналитичари, што тие дотогаш ги немале.

Спонзорирано: