14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
СВЕТИЗБОР

(Видео) Ледена бура урна дрвја и далноводи во Канада: има загинати, а повеќе од милион луѓе се без струја

Две лица загинаа, а повеќе од еден милион луѓе останаа без струја денеска во Канада откако ледена бура погоди две од најнаселените канадски провинции пред празничниот викенд, носејќи замрзнат дожд и силни ветрови кои урнаа дрвја и далноводи.

Еден човек загина во Квебек кога врз него паднало дрво, додека друг во источниот дел на Онтарио кога го удрила гранка која паднала

„ Ова е многу тежок момент. Прекин на струја за толку многу луѓе, паѓање дрвја, невремето оштетува згради, автомобили и други работи – изјави канадскиот премиер Џастин Трудо.

Нешто помалку од милион луѓе останаа без струја во Квебек и околу 110.000 во Онтарио до 16 часот по локално време.

Обезбедувачите на електрична енергија во тие две провинции работеа на враќање на струјата, но со оглед на тоа што поправките се очекува да траат со денови, тоа значи дека многу Канаѓани би можеле да го поминат велигденскиот викенд во темнина.

Градоначалникот на Отава, Марк Сатклиф, очекува екипите за поправка на далноводи наскоро да ја вратат струјата на голем дел од околу 65.000 погодени клиенти.

Спонзорирано: