14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Кина ја менува политиката за руската инвазија: Џјинпинг ќе се сретне со Зеленски

Кина до одреден степен ја менува својата политика во однос на руската инвазија. Оваа земја досега беше воздржана во врска со руската инвазија и на ниту еден начин не се мешаше во руските планови со Украина, но сега тоа се менува.

Ова стана јасно за време на тридневната државна посета на францускиот претседател, кој вчера пристигна во Кина.

„ Руската агресија во Украина и нанесе удар на стабилноста. Знам дека можам да сметам на вас да ја вратите Русија на страната на разумот и сите страни на преговарачка маса“, му рекол Макрон на Шји.

За време на посетата на Пекинг, францускиот претседател рече дека Кина може да „игра значајна улога“ на патот кон мирот во Украина и ја поздрави волноста и посветеноста на Кина за решавање на конфликтот.

Кинескиот претседател се согласува дека нуклеарното оружје не треба да се користи за време на конфликтот во Украина, изјави францускиот претседател Емануел Макрон за време на посетата на Пекинг. Џјинпинг рече дека сака мировните преговори да започнат што е можно поскоро и ја повика меѓународната заедница да не поддржува ескалација на кризата.

Покрај тоа, француски дипломатски извор изјави дека Џјинпинг е подготвен да му се јави на украинскиот претседател Володимир Зеленски, но во согласност со неговиот сопствен распоред. Кина е подготвена да соработува со Франција за „насилно да ги турка“ Русија и Украина кон почеток на разговорите за ставање крај на конфликтот, рече изворот.

Ова е првиот показател дека кинескиот претседател може да одговори на поканата на украинскиот лидер да се сретне со него во Киев. Тој не разговарал со Зеленски од избувнувањето на војната, но одлета за Москва минатиот месец на средба со Владимир Путин.

Спонзорирано: