16.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Подољак: Ќе искорениме се што е руско на Крим

Руската култура ќе биде забранета на Крим кога Украина ќе ја врати контролата, порача Михаил Подољак, висок помошник на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Тој рече дека се што е руско мора да се искорени од Крим и дека Украина ќе го окупира тој полуостров во рок од седум месеци.

Подољак додаде дека Киев планира да воведе законски казни за имателите на руски пасоши и другите, како што вели, предавници кои живеат во регионот.

„Веднаш штом ќе влеземе, мора да искорениме се што е руско на Крим“, рече Подољак во интервју за РСЕ. Тој додаде дека Крим повторно ќе стане дел од украинскиот културен простор.

Тој тврди дека неговиот став е „математички потврден“ и дека Русија ги нема потребните ресурси за да го задржи регионот.

Спонзорирано: