24.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Путин: Киев е циничен и суров, ги убива и своите војници

Киев ги уништи сопствените војници и се однесува крајно цинично и сурово, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Тој го коментира нападот на Украина на линијата на фронтот, каде што имаше неколку украински војници, кои се предадоа.

На средбата со вршителот на должноста гувернер на Донецката Народна Република, Денис Пушилин, Путин изјавил дека група украински војници вчера биле опколени во близина на линијата на фронтот и оти верува дека имало 14 украински војници, кои се предале.

„Но, веќе беше доцна, нашите луѓе оставија неколку војници со нив и не ги ни чуваа за утрово да ги извлечат од борбената зона. Непријателот погоди едно место со 300 гранати и ги уништи сите негови војници. За жал, загуби и нашиот народ, но не ги штеди ниту своите. Тие се однесуваат крајно цинично и сурово“, истакна Путин.