11.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Бил Клинтон: Жалам што ги убедив Украинците да се откажат од нуклеарното оружје

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон рече дека жали поради својата улога во убедувањето на Украина да се откаже од нуклеарното оружје.

„Се чувствувам лично одговорен бидејќи ги натерав да се согласат да се откажат од своето нуклеарно оружје. И никој од нив не верува дека Русија би го извела овој трик доколку Украина и понатаму го имаше своето оружје“, рече тој.

Во јануари 1994 година, Клинтон, рускиот претседател Борис Јелцин и украинскиот претседател Леонид Кравчук потпишаа изјава за елиминација на стратегиското нуклеарно оружје, кое се наоѓаше на територијата на Украина од советскиот арсенал.

Во декември 1994 година беше потпишан будимпештанскиот меморандум, според кој големите сили се обврзаа да ја почитуваат независноста, суверенитетот и постојните граници на Украина.

Спонзорирано: