Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кремљ: Не сакаме да го коментираме обвинението против Трамп

Кремљ одби да го коментира обвинението против поранешниот американски претседател Доналд Трамп, обвинет за тајни плаќања на порноѕвезди непосредно пред претседателските избори во 2016 година.

„Не веруваме дека имаме право да се мешаме во внатрешните работи на САД, а исто така веруваме дека САД немаат право да се мешаат во нашите работи. Затоа не сакаме да го коментираме обвинението“, изјави портпаролот на рускиот претседател, Дмитриј Песков.

Обвинението го товари Трамп за фалсификување деловни досиеја за да ги прикрие нелегалните плаќања на жени што тврдеа дека имал вонбрачни афери со нив.

Спонзорирано: