23.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОБСЕ го активираше Московскиот механизам поради наводната депортација на деца во Русија

Соединетите Американски Држави, заедно со 44 други земји и со поддршка на Киев, го активираа Московскиот механизам на Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), со цел да ги истражат наводите за присилно префрлање деца во делови од територија на Украина под руска контрола и нивна наводна депортација во Русија, објави Стејт департментот.

Како што е наведено, од Канцеларијата за демократски институции и човекови права (ОДИХР) е побарано да формира експертска мисија која ќе испитува дали е прекршено меѓународното право, дали се извршени воени злосторства или злосторства против човештвото во оваа насока.

Оваа мисија, исто така, ќе има задача да собира, консолидира и анализира какви било докази што би можеле да се споделат со релевантните механизми за одговорност, како и со националните, регионалните или меѓународните судови или трибунали кои може да имаат јурисдикција,пренесе Танјуг.

Спонзорирано: