17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Пет лица починаа од мистериозна болест: експертите со задача да откријат за што се работи

Најмалку пет лица починаа во северозападна Танзанија од неидентификувана болест, соопштија властите.

Досега се пријавени седум случаи во регионот Кагера, а властите испратија тим од лекари да ја дијагностицираат болеста.

Здравствените власти во таа источноафриканска земја ја опишаа болеста како чудна, јавува Би-би-си.

Нејзините симптоми вклучуваат треска, главоболки, замор и крвавење од носот, според главниот медицински офицер на владата, Тумаини Нагу.

„Владата формира регионален тим од професионалци за да ја истражи оваа непозната болест“, рече професорот Нагу во четвртокот навечер.

Таа ги замоли жителите во областа да останат смирени и да избегнуваат контакт со заразени луѓе.

Во јули минатата година беа пријавени повеќе од 20 случаи со слични симптоми во јужниот регион Линди. Три лица починаа од епидемијата.

Истрагите подоцна ја идентификуваа болеста како лептоспироза, позната и како Вајлова болест.