19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Прегазена жена во Карпош, возачот побегнал

Осумдесетгодишна жена била прегазена од автомобил вчера на улицата Бранислав Нушиќ во скопската населба Карпош.

Жената е хоспитализирана, а возачот се дал во бегство, по што е идентификуван од страна на полицијата.

„Вчера, во Скопје, на улицата Бранислав Нушиќ, патничко возило ‘нисан микра’, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. Т. (20) од Скопје, удрило во пешакот Л. Ц. (80) од Скопје и го напуштило местото на несреќата. Во несреќата тешки телесни повреди добила Л. Ц. констатирани во Градската општа болница ‘8 Септември’“, соопшти МВР.

Извршен бил увид од екипа.

Спонзорирано: