17.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
foto
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Утрото по железничката несреќа во Грција: Дрон ги бара исчезнатите, кран ги отстранува остатоците

Најмалку 32 лица загинаа синоќа кога патнички и товарен воз се судрија кај Темпи кај Лариса во Грција. Се стравува дека ќе се зголеми бројот на жртвите, а утрото по катастрофалната несреќа е страшна глетка.

На снимката која ја објавија грчките медиуми може да се види како кранот со внимателни движења почнал да ги отстранува остатоците од вагонот, додека беспилотно летало од воздух ги барало исчезнатите.

Во тек е голема операција за пребарување и спасување на патниците кои биле во возот.

Според последните податоци загинале 32 лица, а повредени се 85 лица.

Грчките медиуми јавуваат дека во возот има повеќе затрупани патници, поради што се стравува дека ќе се зголеми бројот на жртвите.

Голем број повредени се пренесени во болницата во Лариса, додека повеќето од загинатите се студенти.

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска напладне се очекува да го посети местото на трагедијата.