4.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Земјотрес во Црна Гора

Сеизмолошкиот сектор на Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија на Црна Гора во 16 часот и 10 минути регистрираше помал земјотрес со епицентар на 19 километри југозападно од Бар.

Јачината на земјотресот во фокусната точка била 3,3 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот e лоциран на длабочина од 10 километри.

Како што соопштија од Институтот, земјотресот не можел да предизвика материјална штета во епицентралното подрачје.