8.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото kremlin.ru
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

Путин: Американските војници нема да шетаат низ руските нуклеарни постројки, тоа е смешно

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Москва не се противи на учеството на земјите од НАТО во дискусијата за Договорот за стратешко офанзивно оружје (СТАРТ), но смета дека е „едноставно смешно“ да се замисли американски војници да шетаат во руски нуклеарни постројки.

„Покрај сè друго, кога тие го прават она што го прават денес во Украина, едноставно не можам да замислам американски војници да шетаат по нашите нуклеарни постројки. Тоа е едноставно смешно“, нагласи Путин во интервју за телевизијата „Россија-1“, пренесува Спутник.

Претседателот на Русија изјави дека Москва е принудена да се врати на темата за нуклеарниот потенцијал на Велика Британија и Франција, бидејќи НАТО покажа дека претставува воен, а не политички блок.