Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Војна во УкраинаСветТОП ВЕСТИ

Шолц незадоволен од кинескиот план за решавање конфликтот

Во планот за решавање на конфликтот во Украина, предложен од Кина, недостасува клаузула за повлекување на руските војници од украинска територија, но содржи правилни забелешки за нуклеарното оружје, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц, пишува Велт.

– Од моја гледна точка, не постои јасна линија која вели: мора да се случи и повлекување на руските војници – рече Шолц.

Претходно, Кина објави документ од 12 точки во кој детално е опишан нејзиниот став за решавање на конфликтот во Украина, а најважна точка е итен прекин на непријателствата и преминување кон мировни преговори.

Во документот насловен како „Кинеската позиција за политичкото решение на украинската криза“, кинеското одделение за надворешна политика наведува дека Кина ќе продолжи да игра конструктивна улога во продолжувањето на мировните преговори.

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, изјави дека Москва високо ги цени напорите на Кина да придонесе за мирно решавање на украинскиот конфликт и дека ги дели ставовите на Пекинг за украинската криза.