20.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Директор на ЦИА: Путин е уверен дека ќе ја добие војната исцрпувајќи ја Украина

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, изјави дека само воените успеси на Украина можат да ги подобрат изгледите за идните преговори со Русија.

– Не мислам дека Руската Федерација сега е сериозно расположена за преговори. Мислам дека само напредокот на бојното поле може да ги подобри изгледите за идните преговори, рече Барнс.

Според него, Украина мора да одлучи дали се можни преговори и од „витално значење“ е да се продолжи со американската помош за оваа земја за да се добие гореспоменатата „предност на бојното поле“.

Претходно, колумнистот на „Њујорк тајмс“ Мајкл Кроули напиша дека американските власти го повикале украинскиот претседател Володимир Зеленски да покаже подготвеност за дипломатски дијалог за ставање крај на конфликтот.

Спонзорирано: