13.8 C
Скопје
28. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Над 50.000 загинати во земјотресите во Турција и Сирија

Бројот на загинатите во земјотресот што на почетокот на месецот го погоди југот на Турција во близина на границата со Сирија надмина 50 илјади, покажуваат најновите податоци од двете земји.

Во земјотресот само во Турција загинаа 44.218 луѓе, според државната новинска агенција Анадолија, која ги цитира податоците на агенцијата за катастрофи АФАД.

Во соседна Сирија досега се регистрирани 5.900 смртни случаи. Повеќе од девет илјади последователни потреси следеа по земјотресот на 6 февруари, објави АФАД.

Над половина милион луѓе се евакуирани од областа погодена од катастрофа во Турција.