9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Смрт, болест и очај. Ова е животот во турскиот град Антакија по разорниот земјотрес

Земјотресот што ги погоди Турција и Сирија на 6 февруари беше невидена катаклизма, најлоша во последните сто години, пишува ,,Еуроњуз”.

Јужниот турски град Антакија и неговите жители се меѓу најтешко погодените. И некогаш бил важен трговски центар и трет по големина град во Римската империја. Но, разорните земјотреси не поштедија речиси ништо.

Касим Гундуз е еден од жителите на градот. Неговото семејство загинало во земјотресот.

“Мојата сопруга се вика Шефика, ја нареков гулум (роза). Викав Шефика! Шефика! И ништо не слушнав. Бевме во брак 52 години”, рекол тој.

Касим за ,,Еуроњуз” изјави дека сега ги чека нејзините посмртни останки. Телото на неговиот син е извлечено од урнатините и е во пластична кеса во близина. Целиот свет му се срушил.

„Помагам. Го извлеков телото на снаа ми, таа беше без глава“, вели друг жител на Антакија, Мехмет Елмачи.

„Мојот девер и нивната мала ќерка се уште се под урнатините”.

Антакија, односно античка Антиохија, била основана во 300 п.н.е. и доживеала неколку катастрофи низ историјата.

Неколку пати бил уништен и обновуван.

Но, кога земјотресот со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди регионот, сите беа затекнати.

Помошта полека пристигнуваше во првите денови по трагедијата.

Уште еден жител на Антакаија,Мехмет раскажува за катастрофата која им се случи. Тој успеал да се спаси, но не се сеќава како излегол од урнатините.

Тој рече дека поради земјотресот морал да спие во својот автомобил со сопругата и седуммесечниот син.

Без струја, вода и тоалети, преживеаните се изложени на голем ризик. Заразните болести како шуга и колера брзо се шират, а секој ден се случуваат последователни потреси.

Во првите неколку часа по земјотресот, под урнатините ги пребаруваа само преживеаните, шокирани, повредени и без никакво искуство во тоа.

Потоа дојдоа волонтерите. Ердем, градежник од Истанбул, веднаш се упатил кон Антакија штом слушнал за земјотресите.

„Се обидов да го направам тоа што требаше. Успеав да спасам една мајка. Успеав да спасам и едно момче и неговата постара сестра“, рекол Ердем, жалејќи што не спасил повеќе од нив.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека земјата не можела да се подготви за таква трагедија. Но, не сите во Антакија се согласуваат со тоа.

„Првиот ден кога дојдовме овде, сакавме да дупчиме, но не најдовме генератор или пневматска дупчалка. Тука немаше агенција за итни случаи или службеник“, рече жителот на Антакија, Ибрахим Халил.

„Вториот ден пристигнаа машини. Тие луѓе ми рекоа дека не можат веднаш да работат затоа што морале да добијат наредба од „горе“. И тоа го чекаа. Работата не е организирана ниту се работи како што треба. Ниту еден професионален човек не дојде овде“, додаде тој.

Неколку дена по земјотресот изгледаше како властите да ја немаат ситуацијата под контрола и покрај пристигнувањето на меѓународната помош.

Луѓето не се согласуваат околу тоа кој е виновен за хаосот. Некои велат дека се виновни внатрешните поделби, додека други го обвинуваат лошото владеење.

„Доцнењето со помошта не е невнимание. Бидејќи тие багери, камиони и машини дојдоа од други региони, им требаше малку време да стигнат. И сега тие работат одлично“, рече Џемал Гунгор.

„Единствената причина поради која локалните власти не работеа добро е тоа што им беа намалени овластувањата. Никој не можеше да се движи без дозвола одозгора“, вели друг граѓанин.

Поради таа катастрофа, централизираниот систем на владеење на Ердоган повторно е под лупа на јавноста, а опозицијата доби силен аргумент да му се спротивстави на овогодинешните претседателски избори, кои, според некои, може да се обиде да ги одложи доколку смета дека се намалуваат шансите за освојување на трет мандат.

Главните гробишта во Антакија ги откриваат вистинските размери на катастрофата.

Нема доволно простор за погребување на мртвите, па властите одлучија да ископаат масовна гробница во предградието на градот.

Се земаат примероци од ДНК од неидентификувани тела за еден ден семејствата на соодветен начин да се простат од своите најблиски.

Потрагата по преживеани траеше многу подолго од она што се смета за можна временска рамка за преживување.

И имаше преживеани во урнатините. Меѓу нив е и Фатма, 25-годишна бегалка од Сирија.

Избегајќи од ужасите на војната во својата татковина, таа преживеала под урнатините 140 часа.

Сега таа доби нова можност, како и целиот град, за нов живот,пренесе Индекс.хр.