14.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Блинкен: Грција и Турција се сојузници на САД

Грчкиот министер за надворешни работи Никос Дендиас и американскиот државен секретар Ентони Блинкен утринава најавија почеток на 4. рунда од грчко-американскиот стратешки дијалог.

„ Соработката меѓу двете земји никогаш не била поблиска“, рече Блинкен на заедничкото обраќање со Дендиас, пренесува „Катимерини“.

Блинкен рече дека пред да дојде во Грција, престојувал во Турција, каде видел „огромна болка предизвикана од земјотресот“. Осврнувајќи се на актуелната ситуација, по земјотресот во Турција, Блинкен зборуваше за силната основа за решавање на грчко-турските спорови.

Тој посочи дека Грција и Турција се партнери, сојузници и пријатели на САД, нагласувајќи дека разликите треба да се решаваат дипломатски, без закани.

Грчкиот министер Дендиас на почетокот на средбата со Блинкен испрати порака дека „соработката меѓу Грција и САД стана уште посилна и дека нејзиното зајакнување ги промовира нашите заеднички интереси, како и регионалниот мир и стабилност“.

Тој, исто така, посочи дека стратешките односи меѓу двете земји го покажуваат континуираниот интерес на САД за регионот во однос на соработката и одбраната.

Тој исто така посочи дека двете земји имаат заеднички вредности и заедничко почитување на меѓународното право.

Спонзорирано: