12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Германците предупредени да не одат во Русија околу годишнината од инвазијата

Германското Министерство за надворешни работи ги предупреди граѓаните да не патуваат во Русија, апелирајќи ги да бидат внимателни во наредните денови.

„Не се препорачува патување во Руската Федерација“, се вели во соопштението.

Исто така, Министерството ги предупредува граѓаните да не патуваат во руските градови Белгород, Курск, Брјанск, Воронеж, Ростов и Краснодар.

„Од 20 до 26 февруари Владата на Русија планира да одржи низа настани, вклучително и празниците на 23 и 24 февруари. Бидете особено внимателни, избегнувајте големи собири и гужви“, се вели во соопштението.

На 24 февруари минатата година Русија започна инвазија на Украина.

Рускиот претседател Владимир Путин се очекува да и се обрати на нацијата во 10 часот, додека американскиот претседател Џо Бајден ќе одржи говор на годишнината од инвазијата на Полска, по ненадејната посета на Киев во понеделник.

Спонзорирано: