Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Објавена листата на најглупавите земји: Хрватска е на прво место, а по неа – Србија

Веб-страницата „Топ-тенс“ објави листа на најглупавите земји во 2023 година.

Хрватска е на прво место, Србија е на четврто, а Босна и Херцеговина е на 18. место.

18 отсто од гласачите сметаат дека Хрватска е најглупава. Во коментарите зборуваше и корисник што тврди дека живеел таму.

„Луѓето ги мразат буквално сите нации и религии. Само прочитајте ги нивните коментари на социјалните мрежи, кои го потврдуваат тоа. Тие навистина не се двоумат да шират омраза на нтернет. Тоа е нормално за хрватскиот народ“, напиша тој.

Зад Хрватска се САД и Северна Кореја, а Србија е на четврто место со четири отсто од гласовите.

„Тие сакаа да бидат голема Србија на штета на нивните соседи, но станаа територијално намалени. Постои голема неписменост, општо незнаење и верување дека Србите се небесниот народ“, вели еден гласач.

Босна и Херцеговина освои два отсто од гласовите и со тоа го зазеде 18. место. Еден коментатор вели дека „голема казна е да ѝ се припаѓа на таа нација“.

„Луѓето се полни со омраза, завидливи и лажат дека се религиозни и морални, а 90 проценти од нив се вистински лицемери. Сакаат да изневеруваат и да зборуваат лошо еден за друг. Кога некој е успешен во БиХ, повеќето ќе направат сѐ за да го оспорат неговиот успех“, се наведува во коментарот.

Спонзорирано: