10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Без трага исчезна кинески милијардер, потврди неговата компанија

Во Кина исчезна еден од главните инвестициски банкари, Фан Бао, потврди неговата компанија China Renaissance Holdings, чии акции веднаш по потврдата на оваа информација паднаа 50 отсто.

Бао е водечки деловен посредник во Кина, а меѓу неговите клиенти се врвните технолошки фирми Didi и Meituan, јави Би-би-си.

Компанијата China Renaissance не прецизира колку денови не била во контакт со извршниот директор.

Многумина се загрижени дека ова е пресметка меѓу кинеските власти и деловните и технолошките лидери.

Бао ја основа China Renaissance во 2005 година.

Оттогаш компанијата прерасна во една од водечките финансиски институции во Кина склучувајќи деловни зделки и спојувајќи неколку технолошки фирми во земјата.

Спонзорирано: