17.8 C
Скопје
1. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТ

Животот победи: Жена извлечена жива од под урнатините 162 часа по земјотресот

Спасувачките тимови спасија 50-годишна жена во областа Искендерун во Хатај од под урнатините на зграда 162 часа по разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Турција.

Два разорни земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала ги погодија во понеделник јужните делови на Турција со епицентар во Кахраманмарас, а бројни спасувачки тимови се уште ревносно работат на пребарување и спасување на луѓето затрупани во урнатините на зградите.

Успешната спасувачка акција ја извеле спасувачите кои најпрвин ја лоцирале повредената Ѓулер Агритмис, а потоа ја извлекле од под урнатините на зградата Хаџи Алиоглу во центарот на Искендерун.

Спасувачите ја предале спасената жена на екипа на Брза помош која и укажала прва помош, а потоа ја однеле во болница.

Нејзиниот син Бариш претходно успеа да излезе од под урнатините на петкатницата, а спасувачите се уште ја продолжуваат акцијата за спасување на нејзиниот сопруг Нијаз и ќерките на Емска, Ѓул и Гизем.

Спонзорирано: