8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Спасени трудница и нејзината ќерка во Газиантеп, 115 часа по разорниот земјотрес

Жртвите од земјотресите во Турција и Сирија се веќе повеќе од 24.000.

115 часа по разорниот земјотрес, трудница и нејзината ќерка се извлечени од урната зграда во Газиантеп.

Малку порано, од под урнатините во Кахраманмараш беше извлечено 15-годишно девојче.

Според сириските медиуми, Дамаск дал официјална дозвола хуманитарната помош да стигне до погодените области, чии делови се под контрола на опозицијата.

И додека продолжуваат напорите за потрага по преживеани и расчистување во Газиантеп, земјата продолжува да се тресе.

Во Газиантеп е регистриран уште еден последователен потрес со јачина од над 5 степени според Рихтеровата скала. Турскиот претседател Ердоган денеска ја продолжува турнејата низ провинциите погодени од земјотресот.

По воздушен пат во Сирија веќе пристигнува многупотребната помош.

Стравувањата на меѓународните организации се дека во земјата погодена од граѓанската војна веќе има повеќе од 5,3 милиони бездомници.

Спонзорирано: