13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Директорот на СЗО испорача 37 тони итна медицинска помош во Сирија

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус денеска пристигна во сирискиот град Алепо, кој беше погоден од земјотрес, јави Сана.

Тедрос пристигна на аеродромот во Алепо за да ги посети болниците и засолништата во тој град со сирискиот министер за здравство и гувернерот на Алепо, јави сириската агенција, пренесува Гардијан.

Тој изрази загриженост за последиците од земјотресот, особено за прекинот на здравствените услуги.

Луѓето се изложени на разни болести, како што се дијареа и други здравствени проблеми, рече Тедрос и додаде дека СЗО ќе помогне да се елиминираат последиците од земјотресот.

СЗО денеска и испорача 37 тони итна медицинска помош во Сирија, а Тедрос утре најави нова испорака од 30 тони опрема неопходна за лекување.

Спонзорирано: