10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

ШТО СРУШИЈА АМЕРИКАНЦИТЕ НАД АЛЈАСКА? Се огласија од Пентагон и открија нови детали

Портпаролот на Пентагон Патрик Рајдер одби да каже дали соборениот објект над Алјаска е балон, но рече дека е сигурен дека нема луѓе внатре.

Објект со непознато потекло и дестинација бил пресретнат од ловец Ф-22 над морето кај североисточниот брег на Алјаска, на границата на САД и Канада.

– Имајќи предвид дека се уште го оценуваме објектот, не би сакал да навлегувам во карактеристиките – рече Рајдер на брифингот со новинарите.

Тој додаде дека пред да го соборат објектот, пилотите се увериле дека нема луѓе во него.

– Многу е малку веројатно дека бил пилотиран. „Нема индикации дека имало луѓе внатре“, рече Рајдер.

Спонзорирано: