Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

130 сообраќајни прекршоци во Скопје: 11 без возачка дозвола

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (08.02.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 11 санкции, 16 мерки за прекршоци што ги прават пешаците, четири санкции за возење под дејство на алкохол. Изречени се шест мерки за користење мобилен телефон при возење, две санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло)…

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Германските компании се партнери во трансформацијата на македонската економија

C +

Кузеска: Само ВМРО-ОКГ се богати, додека граѓаните едвај преживуваат

C +

Тошковски за денот на македонската полиција: Модернизација, реформи и бескомпромисна борба против криминалот, градиме модерна и професионална европска полиција

C +