14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТТОП ВЕСТИ

САД воведоа нови санкции за групата Вагнер

САД воведоа дополнителни санкции за руската приватна воена групација Вагнер, за која американските власти веруваат дека и помага на руската војска во нејзината војна во Украина.

Американското Министерство за финансии објави дека ја означило групата Вагнер како „значајна транснационална криминална организација“ како дел од нејзините активности насочени кон десетици луѓе и ентитети во обид да ја намалат способноста на Русија да води војна

– Персоналот на Вагнер е вклучен во постојан модел на сериозни криминални активности, вклучувајќи масовни егзекуции, силувања, киднапирања на деца и физичко малтретирање во Централноафриканската Република и Мали – се вели во соопштението на Министерството за финансии.

Во исто време, Стејт департментот воведе санкции за неколку лица поврзани со Вагнер и шефот на групата, Евгениј Пригожин.

Одлуката за санкции ќе ги замрзне сите средства што Вагнер ги има во Америка. Исто така, им забранува на Американците да обезбедуваат средства, стоки или услуги за оваа воена група.

– Денешните проширени санкции кон Вагнер, како и новите санкции за нивните соработници и други компании кои го овозможуваат рускиот воен комплекс, дополнително ќе ја попречат способноста на Путин да ја вооружи и опреми својата воена машина – изјави министерката за финансии Џенет Јелен.

Спонзорирано: