10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Јапонија воведе нови санкции против Русија: Забранија извоз на роботи и вакцини

Јапонија ги прошири санкциите против Русија по последните ракетни напади врз Украина.

Санкциите се однесуваат на проширување на листата на забранети производи за руски извоз и замрзнување на имотот на руските службеници и субјекти.

Оваа одлука е донесена откако вчера во Украина во ракетни напади загинаа најмалку 11 лица.

– Во светло на ситуацијата околу Украина и со цел да придонесе во меѓународните напори за обезбедување мир, Јапонија ќе спроведе забрана за извоз во согласност со другите големи земји – објави јапонското Министерство за економија, трговија и индустрија.

Како што беше најавено, Јапонија од 3 февруари ќе забрани испорака на производи на 49 организации во Русија кои би можеле да ги користат за подобрување на руските воени капацитети.

Ова се однесува на производи кои се движат од водени топови, опрема за истражување на гас и опрема за полупроводници до вакцини, опрема за рендген, експлозиви и роботи.

Спонзорирано: