3.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Разрешени петмина високи украински обвинители

Петмина од највисоките регионални обвинители на Украина беа отпуштени денеска, еден ден откако претседателот на Украина ги почна најголемите политички промени од почетокот на војната.

Службениците, од кои повеќето се обвинители во украинските региони, беа отпуштени од главниот обвинител Андриј Костин, соопштија од неговата канцеларија.

„Костин потпиша наредба за отпуштање од административни позиции во Запорожје, Кировохрад, Полтава, Суми и Чернигов“, се вели во соопштението.

Претходно, заменик-шефот на кабинетот на Зеленски, Кирило Тимошенко, и заменик-министерот за одбрана, Вјачеслав Шаповалов, поднесоа оставки, а заменик-државниот обвинител, Олексеј Симоненко, беше разрешен од должноста.

Украинските медиуми јавуваат дека од почетокот на војната биле вмешан во неколку скандали поврзани со користење скапи автомобили.

Во меѓувреме, пет гувернери на украинските региони (Днепропетровск, Запорожје, Суми, Херсон и Киев) и четворица други заменик-министри беа разрешени.

Спонзорирано: