10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Шоле го повика Курти да го прифати европскиот предлог

Високиот советник на Стејт департментот, Дерек Шоле, објави дека имал разговор со премиерот на Косово, Албин Курти.

Како што наведе, разговарале за предлогот на ЕУ за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина и апелирале Приштина да го прифати.

„Клучната тема беа нашето партнерство и заедничката цел за подобрување на европската и евро-атлантската интеграција на Косово“, напиша Шоле на „Твитер“.

Тој додава дека со Курти разговарал и за важноста на мултиетничкиот карактер на Косово и Метохија и напредокот на дијалогот за формирање на заедницата на српските општини, како и потребата од претставниците на Србите од северот на Косово и Метохија, кои ги напуштија приштински институции поради прекршување на Бриселскиот договор за да се вратат на своите места.

Шоле пред една недела престојуваше на Косово и Метохија, каде што, покрај Курти, се сретна и со претседателката на институциите на Приштина, Вјоса Османи.

Тема на разговор при посетата на Шоле беше дијалогот меѓу Белград и Приштина.

Спонзорирано: