Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МакедонијаТОП ВЕСТИ

Мицкоски само за белградска “Политика” го признава “Отворен Балкан”

Од човек кој не знаеше што е ” Отворен Балкан” , лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски тврди дека еден таков процес ќе ни помогне да излеземе од овој вител трите државо заедно, без поголеми последици. Тој ова го вели во интервју за белградска “Политика“, одговарајќи на прашањето-дали е ова шанса за мир меѓу малите држави, како Македонија и Србија, кои заедно со Албанија припаѓаат на иницијативата „Отворен Балкан“?

Но ова не е првпат.

Тој во интервју за истиот медиум во ноември 2021 исто така рече дека за поздравување е секоја иницијатива која ќе демонстрира зближување на народите, а дека “Отворен Балкан” во тој контекст е добра можност за продлабочена соработка”

Во новото интервју исто така додава дека единствената шанса што им се нуди на Македонија, Србија и Албанија во оваа криза, е да покажеме дека ги научивме лекциите од минатото и да градиме подобра заедничка иднина, бидејќи ниту Македонија, ниту Србија, ниту Албанија, не е одлучувачка сила во овие процеси.

Според него тие мора да бидат многу внимателни и да ги застапуваат интересите кои се стратешки релевантни за овој регион.

Она што збунува е тоа што пред само неколку месеци во септември, минатата година, Мицкоски рече дека “не бивало” регионална соработка бидејќи Србија и Албанија не граничеле меѓу себе, а додаде и дека немал никакви информации за “Отворен Балкан”,  поточно не ја разбирал суштината на проектот.

ВМРО-ДПМНЕ го кочеше и гласањето во Собранието за договорите од „Отворен Балкан“ со кои што работници од Македонија, Србија и Албанија можат да конкурираат на пазарот на труд во сите три земји, бидејќи и тогаш не му беше јасна целта на „Отворен Балкан“.

Мицковски во последното интервју за “Политика” се осврнува и на историјата и добрососедслите односи посочувајчи дека ние сме мали земји од кои не зависат многу глобални процеси, но одлуките што ги носат политичарите на овие процеси многу влијаат на животот на нашите граѓани.

– За доброто на животите на нашите граѓани и нашата иднина треба да работиме на градење мир овде и на тој начин да придонесеме за мирот во Европа. Доста ги кршевме копјата за историјата и политиката, време е да се натпреваруваме кој ќе направи подобар економски и инфраструктурен проект кој ќе не зближи со соседите, вели тој.

С.Танеска

Извор: ЦивилМедиа