Нов масакр се случи во Соединетите Американски Држави. Седум лица загинаа во две одвоени, но поврзани престрелки во Калифорнија.
Напаѓачот, за кој се верува дека е вработен во транспортна компанија, пукал прво во фарма, а потоа и во локацијата на неговата компанија во близина на заливот Халф Мун, на 50 километри од Сан Франциско.
Американските медиуми го објавија и името на напаѓачот. Станува збор за Чунли Жао (67).
За пукотниците бил информиран и американскиот претседател Џо Бајден, напиша на Твитер неговата портпаролка Карин Жан-Пјер.
– Претседателот ги повика федералните сили на редот и законот да им ја пружат сета потребна помош на локалните власти – додаде таа.
Спонзорирано: