6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива / Влада на Русија
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТИЗБОР

Медведев: Поразот на Русија може да доведе до нуклеарна војна

Дмитриј Медведев, поранешниот претседател на Русија и заменик-шеф на рускиот Совет за безбедност, предупреди на нуклеарна војна во случај на пораз на Русија во војната против Украина.

Коментирајќи ја претстојната средба на западните и украинските претставници во воената база Рамштајн во Германија, Медведев на Телеграм објави дека очекува да разговара за нови испораки на тешко оружје и ударни системи.

Тој додаде дека никој не размислувал да донесе „елементарен заклучок дека поразот на нуклеарна сила во конвенционална војна може да предизвика избувнување на нуклеарна војна“.

– Нуклеарните сили не изгубија големи конфликти од кои зависи нивната судбина. И тоа треба да им биде очигледно на сите – рече Медведев.

Рускиот претседател Владимир Путин во декември минатата година изјави дека руската воена доктрина дозволува само одбранбена употреба на нуклеарно оружје, како одговор на надворешен напад.

Претходно Медведев, познат по своите гласни и воинствени изјави во јавноста, изјави дека Москва може да користи нуклеарно оружје за одбрана.

Спонзорирано: