Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Македонија

Ковачевски на Водици во Охрид

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска, ќе присуствува на одбележувањето на големиот христијански празник, Богојавление – Водици, во Охрид.

Со премиерот Ковачевски, во Охрид ќе бидат и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, министерот за правда, Никола Тупанчевски и министерот за информатичко општество и администрација, Адмирим Алити.

Претседателот на Владата, Ковачевски и министрите е предвидено да пристигнат на Градското пристаниште во Охрид во 10:00 часот и ќе присуствуваат на осветувањето на водите на Охридското езеро и фрлањето на светиот крст.