Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

На 118-годишна возраст почина најстарата жена на светот

Најстарата личност на светот, француската калуѓерка сестра Андре, почина на 118-годишна возраст.

Нејзиниот пензионерски дом ја потврди веста во вторникот.

Родена како Лусил Рендон во 1904 година, една деценија пред почетокот на Првата светска војна, таа го добила името сестра Андре кога се приклучила на Католичкиот добротворен ред во 1944 година, една година пред крајот на Втората светска војна.

Преживеа две глобални здравствени кризи – шпанскиот грип од 1918 година и во последните години Ковид-19.

Кога го прослави својот 117. роденден во февруари 2021 година, сестра Андре рече дека не е загрижена за смртта.

„Не, не се плашев затоа што не се плашев да умрам“, ја коментира ситуацијата со Ковид-19.

Тој роденден беше одбележан со торта и молитва.

„Ги запознав сите оние што ги сакав и му благодарам на Бога што ми ги даде. Фала му на Бога“, рече таа.

Таа беше најстарата жива личност во светот според Светската листа на суперстогодишници на Геронтолошката истражувачка група.