6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Силен земјотрес во Индонезија

Земјотрес со јачина од 6,2 степени според Рихтеровата скала ја погоди западна Индонезија, а засега нема извештаи за сериозни штети или жртви.

Епицентарот бил на 40 километри југоисточно од Сингил, крајбрежна област во провинцијата Ачех, на длабочина од 37 километри.

Индонезиската агенција за метеорологија, климатологија и геофизика не издаде предупредување за цунами. Индонезија, голем архипелаг со повеќе од 270 милиони луѓе, често е погодена од земјотреси и вулкански ерупции поради нејзината локација на Огнениот прстен на пацифичкиот басен.

Најмалку 331 лице загинаа, а речиси 600 беа повредени во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала, што се случи на 21 ноември во градот Сијанџур во Западна Јава.

Тоа беше најсмртоносниот земјотрес во Индонезија од 2018 година кога во земјотресот и цунамито во Сулавеси загинаа околу 4.340 луѓе и предизвикаа голема материјална штета.

Спонзорирано: