Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
CentarМакедонија

УЖАС: Малолетничка тепана и принудена на проституција, приведени пет лица од Кавадарци и Неготино

Пет лица од Кавадарци и Неготино се приведени поради трговија со дете, соопшти полицијата.

Имено, В. Д. (39), К. Р. (24), В. Б. (26) и А. Д. (23) од Кавадарци и Н. И. (21) од Неготино, во периодот од август до 19 септември 2022 година го сториле кривичното дело така што користеле сексуални услуги од малолетничка на разни локации за паричен надоместок од 1.000 до 2.000 денари.

М. К. (20) со употреба на физичка сила и закани, како и психолошко насилство, ја принудувал малолетничката на вршење полови дејства и давање сексуални услуги на петте пријавени лица. За М. К. од страна на ОЈО за гонење организиран криминал и корупција во моментот се спроведува истрага за сторено кривично дело трговија со дете (чл. 418-г од КЗ).

Врз основа на издадени судски наредби од Основниот кривичен суд Скопје, на 14.1.2023 година, на подрачјето на Кавадарци, извршен е претрес во домовите и во други простории кај пријавените, при што петте лица се лишени од слобода и против нив од страна на Националната единица за сузбивање шверцување мигранти и трговија со луѓе до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција на 14.1.2023 година е поднесена кривична пријава против петте лица за сторено кривично дело трговија со дете, предвидено и казниво во член 418-г став 3 од Кривичниот законик.