11.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ВОЈНА ВО УКРАИНАСВЕТ

Сунак потврди: Британија испраќа моќни тенкови во Украина

Британскиот премиер Риши Сунак денеска во телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека Лондон ќе испрати тенкови и артилериски системи „Челинџер 2“ во Киев.

Според веб-страницата на британската влада, двајцата лидери разговарале за актуелната воена ситуација во Украина, „последователните победи на украинската армија кои ги вратија руските војници“, како и за некои други прашања.

И двајцата се согласија дека е неопходно, како што беше посочено, да се искористи овој момент за да се забрза глобалната воена и дипломатска помош за Украина.

Сунак нагласи дека тој и целата британска влада интензивно ќе работат со меѓународните партнери за да испорача помош на Украина што ќе и овозможи да ја зајакне својата предност, да победи во војната и да обезбеди траен мир.