14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Преполни болници, во Кина расте загриженоста поради масовното ширење на коронавирусот

Кинеските граѓани планираа претстојните празници да ги поминат во своите родни места со постарите членови на своите семејства. Сепак, се чини дека нивните планови би можеле да пропаднат бидејќи Светската здравствена организација (СЗО) предупредува дека тоа може повторно да ја разгори пандемијата.

Кинеските новогодишни празници, кои официјално почнуваат на 21 јануари, доаѓаат само еден месец откако Кина го укина строгиот режим на масовно заклучување што предизвика широко незадоволство и историски протести.

Тој ненадеен пресврт предизвика ширење на коронавирусот кај популација од 1,4 милијарда луѓе на кои им недостига природен имунитет.

Според кинеското Министерство за транспорт, се очекува повеќе од две милијарди луѓе да патуваат за време на Лунарната Нова година, која почна на 7 јануари и трае 40 дена.

Тоа е двојно повеќе од минатогодишните патувања и 70 отсто од патувањата забележани во 2019 година пред избувнувањето на пандемијата во централниот кинески град Вухан.

СЗО и странските влади ја критикуваа Кина дека е нечесна во однос на обемот и сериозноста на епидемијата, што поттикна неколку земји да наметнат ограничувања за кинеските патници.