25.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Скопје е синоним на сите лаги на ДПМНЕ, да не дозволиме реприза со Силјановска

Скопје е синоним на сите лаги на ДПМНЕ. Скопје е пример како владее ДПМНЕ. Го запустија главниот град, создадоа хаос со јавниот превоз, ги турнаа јавните претпријатија во долгови, заборавија на граѓаните, а рацете ги заглавија во медот, соопшти СДСМ.

„Во Скопје го нема ветениот бесплатен јавен превоз, нема нови 250 автобуси, нема нови паркови.

Како што не ги исполнија ветувањата за проектите што ќе ги реализираат во Скопје, така и сега даваат лажни ветувања за претстојните избори.

Ништо не е променето во ДПМНЕ, тоа е истата партија која не може да донесе никаква промена.

Со ДПМНЕ е можно само враќање назад.

Граѓаните нема да дозволат реприза на Скопје да и се случи на државата со ДПМНЕ и Силјановска.“ – се вели во соопштението.